Неверојатна борба меѓу тигар и мечка
Во Индија е снимена несекојдневна средба меѓу тигар и мечка која завршила во 30-минутна борба, пренесе The Sun.
Фотографот Арпит Парек успеал да ја сними и фотографира оваа ретка средба меѓу бенгалски тигар и тромава мечка (позната како мечка со долги усни), која живее во Индија, Бангладеш, Непал и други земји.
„Ова е нешто што го гледате еднаш во животот и покажува колку е суров животот во дивината“, вели Арпит.