КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2024/2025

Неверојатна голманска глупост го исфрли бањалучки Борац од Лига Европа

Фудбалерите на Борац од Бања Лука синоќа доживеаја несреќен пораз од Ференцварош во реваншот од квалификацискиот плеј-оф за пласман во Лига Европа, а клучен детаљ беше моментот на деконцентрација на голманот Филип Манојловиќ во продолжението.

Отккао натпореварот заврши без голови, исто како и првиот во Унгарија, Борац дојде до водство од 1:0 на стартот од продолжението и беше на минути од историски успех и пласман во групната фаза од Лига Европа.

Но, клучниот момент се случи во 110. минута од натпреварот. Голманот Филип Манојловиќ, кој до тој момент бранеше одлично, направи глупава грешка која скапо го чинеше клубот од Бања Лука.

Наместо да ја фати топката со раце при рутинска интервенција, голманот тргна со нога и отворен ѓон кон противникот и топката. Топката ја промаши, но го погоди гостинскиот играч, па судијата со жолт картон во раката оправдано покажа на белата точка.

Сигурен реализатор од белата точка беше Барнабас Варга и така Ференцварош израмни и го одведе натпреварот во пенали. Таму унгарскиот тим се снајде подобро и се пласираше во групната фаза од Европската лига откако тројца играчи на Борац своите пенали ги испратија високо над пречката. Меѓу нив беше и поранешниот играч на Работнички и македонски зет, Колумбиецот Себастиан Ерера Кардона, кој шутираше прв.

Инаку, на клупата на борац беше и македонбскиот голман дамјан Шишковски, кој летово пристигна во овој клуб. На почетокот бранеше, но потоа дојде Манојловиќ и му го зеде местото.

Од друга страна, Борац сепак ќе игра во групната фаза, но во Конференциската лига, што секако е историски успех за овој клуб.

Remote video URL
Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе