Неверојатни факти за планетата Земја
Земјата e една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета планета по оддалеченост од Сонцето и најголема со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата Земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот.
Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат Земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до Земјината површина.