Неверојатни трансформации: Моќта на волјата за живот
Луѓето решаваат да ослабат или да направат промени во нивниот начин на живот од најразлични причини. Иако најчести се случаите на неверојатни физички трансформации од естетски причини, хероите од оваа фотоприказна имаат друга заедничка работа.
Сите направиле трансформација на своето тело и ослабеле откако докторите ги соочиле со непријатната вистина – ако не ги симнеш килограмите и не почнеш да се храниш здраво, ќе умреш. Најчестите здравствени проблеми со кои овие луѓе се бореле поради прекумерната тежина биле срцеви болести, висок холестерол и шеќер, како и проблеми со крвните садови и циркулацијата.
Соочени со суровата реалност, овој разговор за нив бил повик за будење, аларм кој ја вклучил нивната волја за живот.