Иако изгледа неверојатно, Lamborghini Gallardo кој е наменет за off-road навистина постои и е пуштен во продажба.
Нема многу информации за овој специфичен автомобил, но се знае дека се наоѓа во Уден во Холандија. Произведен е во 2004 година, каросеријата е во мат сива боја, а внатрешноста е во црна боја.
Помина 43.619 км., а се продава за 115.000 евра.
Не е познато дали моторот е модифициран. Инаку, Gallardo би требало да има V10 мотор со 493 коњски сили.