Чек дис аут

Неверојатниот момент кога гром удри во брод во Бостон

14. јули 2019 - 15:51 | К.З.

Минатата недела силно невреме го погоди Масачусетс, а еден случаен минувач успеа да „улови“ неверојатен момент кога брод во Бостон го погоди гром.

За среќа, во тој момент на бродот немаше никој и од ударот на громот немаше ниту жртви, ниту повредени. Но, малиот брод претрпе сериозна материјална штета.

Природата знае да биде многу сурова и тоа го покажа уште еднаш во Бостон. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за обилни врнежи и поплави на подрачјето на целата сојузна држава Масачусетс.

Големите поплави кои го зафатија Бостон резултираа во затворање на дел од улиците и автопатите кои го опкружуваат градот.

Коментирај