Неверојатно: Ѕвездата на Камерун поради грешен меил не игра за репрезентацијата

Минхенски Баерн не одговорил на пратениот и-меил за ослободување на Ерик Шупо-Мотинг кој требаше да настапи за Камерун, а подоцна се утврди дека мејлот наместо кај баварскиот клуб бил пратен на погрешно место.

Едноставен меил го чини најдобриот камерунски фудбалер пауза од репрезентацијата. Фудбалската федерација на Камерун испратила и-меил во кој бара од Баерн да му дозволи на играчот да ѝ се приклучи на репрезентацијата, но одговор никогаш не добила.

Без разлика дали клубот ќе дозволи или не, мора тоа да го направи со праќање на одговор. Откако селекторот Тони Консејсаун, кој е португалски стратег, јавно се пожалил дека Баерн го игнорира барањето за ослободување на камерунската ѕвезда, Германците, зачудени, испратиле и-меил до ФЦФ во кој објаснуваат дека играчот не можат да го ослободат бидејќи барање за негово ослободување никогаш не добиле.

Она што на прв поглед за Камерунците делувало како изговор на Баерн да не го пушти играчот, подоцна било востановено дека е поради нивна вина.

Имено, човекот задолжен за електронска пошта во ФЦФ, наместо до германскиот гигант барањето го испратил на погрешна адреса, односно го пратил назад до ФЦФ.

„Навистина ми е жал што дојде до лоша комуникација со барањето. Едвај чекав да играм за репрезентацијата“, вели Шупо-Мотинг.

Шупо-Мотинг во дуел со Нејмар

Камерун на 26 и 30 март игра против Зелен 'Рт и Руанда во рамките на квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нации. Тоа се последни две кола, а „Нескротливите лавови“ секако се пласирани на завршницата бидејќи се домаќини.

„Како и да е, ѝ посакувам на репрезентацијата сѐ најдобро во квалификациите и едвај чекам повторно да бидам викнам за следните натпревари во септември“, заврши играчот на Баерн.

32-годишниот Шупо-Мотинг има 55 натпревари за Камерун и 15 голови. Роден е во Хамбург од татко Камерунец и мајка Германка, па прво настапуваше за младинските репрезентации на Германија пред да одлучи да направи промена. На пријателската во 2014 во Австрија ѝ даде гол на Македонија во победата од 2:0.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе