Невеста во панталони: Уникатна и незаборавна
Свадбата е настан кој многу девојки и жени го сонуваат од малечки. Изборот на фустан за овој свечен ден е една од најважните и најголемите одлуки.
Но, што ако сте малку поразлична невеста и не се чувствувате најудобно во фустан?
Не мора да се маскирате на овој важен ден – изберете свечен костум, комбинезон или комплет од панталони со горен дел во кои ќе изгледате уникатно, незаборавно и најважно – свои!