КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА САД 2024

Невиден хаос на Копа Америка: Дарвин Нуњес се тепаше со навивачите, со столче отиде на трибина

Во ноќта зад нас се одигра второто полуфинале на Копа Америка во кое Колумбија го совлада Уругвај со 1:0, а натпреварот имаше и трето полувреме кое го одбележаа неверојатни сцени со тепачки.

Колумбијците дојдоа на чекор од својот сон и освојување на титулата континентален шампион на овогодинешното издание на Копа Америка, која досега ја одиграа на перфектен начин. Од првото коло до полуфиналето одиграа одлични партии, а ноќеска го елиминираа и одличниот Уругвај.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот во 39. минута беше играчот од средниот ред Хеферсон Лерма, а вреди да се напомене дека Колумбијците цело второ полувреме играа со играч помалку бидејќи беше исклучен Даниел Муњос. Сепак, тоа на крајот не ги чинеше пласман во финалето.

Меѓутоа, дуелот ќе остане запаметен по грозоморните сцени по натпреварот. Уругвајските и колумбиските навивачи се судрија на трибините, а им се придружи и фудбалерот на Ливерпул, голгетерот Дарвин Нуњес.

Иако важи за една од најголемите и најскапите ѕвезди на јужноамериканскиот фудбал, на Нуњес не му беше проблем да се качи на трибините и да им се придружи на уругвајските навивачи во пресметката со Колумбијците. Во еден момент е снимен како со столче оди кон навивачите, а уpаtи и неколку удари со тупаници.

Вреди да се нагласи дека во тепачката со Колумбијците учествуваа и други уругвајски фудбалери, но Дарвин беше најагресивен и единствен подготвен за борба која дефинитивно не му доликува на еден професионален фудбалер.

Инаку, Колумбија во финалето ќе игра против фаворизираната Аргентина, која во второто полуфинале беше подобра од Канада.

Remote video URL

Останува да видиме каква одлука ќе донесе КОНМЕБОЛ, со оглед на тоа што, за разлика од ЕУРО, на Копа Америка има и натпревар за 3. место, а токму Уругвај ќе игра на него против Канада ноќта од сабота кон недела (2:00 ч.). Нуњес речиси сигурно го очекува суспензија, веројатно и сите уругвајски играчи што се качија на трибините да делат правда.

Remote video URL
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Фудбал

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Read more

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Read more
 

Спорт

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Читај повеќе

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе