КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Невиден потег на ФИФА: Македонија онлајн ќе ја дознае квалификациската група за СП 2026

Жрепката за квалификациските групи за Светското првенство во Канада, САД и Мексико, во која ќе биде и репрезентацијата на Македонија, ќе се одржи на 13 декември, но за прв пат во историјата жрепката ќе се изврши онлајн.

Според The Guardian, Саудиска Арабија ќе биде потврдена како домаќин на Светското првенство во 2034 година со акламација на Вонреден конгрес на ФИФА, кој ќе се одржи онлајн на 11 декември, додека британскиот весник дознава дека жрепката за европските квалификации за Мундијалот 2026 ќе се одржат два дена подоцна, исто така, онлајн.

Причината за овој невиден потег е тоа што првиот човек на ФИФА сака да избегне секакво преиспитување на контроверзната одлука за доделување на организацијата на Мундијалот 2034 на Саудиска Арабија без гласање, како и организацијата на Светското клупско првенство следната година.

Жрепката за мундијалските квалификации традиционално е голем настан, но овојпат тоа нема да биде случај. Неколку национални асоцијации веќе изразија изненадување од одлуката на ФИФА, а во изменетиот квалификациски формат 55-те репрезентации на Европа ќе бидат извлечени во 7 групи од по 5 репрезентации и 5 групи по 4.
Тимовите поделени во групи од 5 ќе започнат со квалификациите во март, додека помалите групи ќе го започнат натпреварувањето дури во септември 2025 година.

Дванаесет победници во групите автоматски ќе се квалификуваат за Светското првенство со 48 екипи во САД, додека сите второпласирани ќе играат бараж заедно со четирите најдобри тимови од Лигата на нации кои не обезбедиле пласман или бараж преку квалификациите.

Барабаните за квалификациската ждрепка ќе бидат одредени кога ќе се одигра последниот натпревар од Лигата на нации, но веќе е извесно дека „Рисовите“ ќе бидат сместени во третиот барабан.

реклама

Научно објаснето: Еве како читањето го менува мозокот

Read more
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Read more
Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Read more
Компир салата со туна

Компир салата со туна

Read more

Фудбал

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Read more

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Read more

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Read more

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе