Зимскиот преоден рок никогаш не бил повозбудлив за навивачите на Милан: на последниот ден беа донесени 4 засилувања, а имаше и многу заминувања.

Милан на почетокот на преодниот рок го доведе ветеранот Кајл Вокер од Манчестер Сити, а тој веќе на првиот натпревар и дербито против Интер покажа дека може да биде сериозно засилување за Серија А.
Сепак, за најголемите возбудувања мораше да се почека до последниот ден од преодниот рок. „Росонерите“ прво утрото го доведоа Сантјаго Хименес, потпис од 35 милиони евра што треба да го одржува нападот на Милан во годините што доаѓаат.
По Хименес, доцна синоќа беа претставени Вaрен Бондо и Рикардо Сотил, аквизиции од италијанската Серија А.
Бондо е централен играч за врска кој пристигна за 10 милиони евра од Монца, додека Рикардо Соттил е крилен напаѓач кој пристигна од Фиорентина на позајмица со опција за откуп.
Вистинска „бомба“ е потписот на Жуау Феликс. Португалскиот напаѓач, некогаш еден од најскапите играчи во светот, пристигна на позајмица од Челси без опција за откуп. Меѓутоа, доколку импресионира на „Меаца“ двата тима ќе седнат на маса во текот на летото и ќе разговараат за откуп на договорот.
Така, Хименес, Соттил, Бондо и Феликс му се придружија на Вокер за вкупно 5 засилувања за Милан во еден невиден преоден рок.
Воедно, во последниот ден од преодниот рок од Милано си заминаа Исмаел Бенасер, кој се пресели во Марсеј (позајмица со можност за откуп), Ноа Окафор (во Наполи, позајмица со можност за откуп) и Кевин Ѕероли (во Монца, позајмица). Претходно заминаа и Давиде Калабрија (Болоња) и Алваро Мората (Галатасарај).
Milan winter mercato recap:
— TheMilanGuys (@TheMilanGuys) February 3, 2025
IN:
- Santi Gimenez
- Joao Felix
- Warren Bondo
- Kyle Walker
- Riccardo Sottil
OUT:
- Calabria (permanent)
- Morata (eventual permanency)
- Ismael Bennacer (loan + option)
- Okafor (loan + option)
- Zeroli (Dry loan)
Rate the mercato out of 10👇 pic.twitter.com/pz48gE5Fai