УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Невидени проблеми за Реал: Кралевите без одбрана патуваат на соочување со Манчестер Сити

Реал Мадрид сезонава има неверојатни проблеми со повредени играчи, главно играчи од задната линија.

Последна во низата повреди што го снајде кралскиот тим е онаа на Лукас Васкес, кој се повреди на градското дерби со Атлетико во саботата навечер.

Васкес, кој игра на позицијата десен бек, ќе го пропушти натпреварот од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити кој се игра во вторник и со тоа само го прошири списокот со повредени играчи на Реал.

Покрај Васкес, на списокот се и Антонио Ридигер, Дани Карвахал, Едер Милитау и Дејвид Алаба - сите стандардни членови на одбранбената линија на Реал.

Против Атлетико одбранбената линија ја сочинуваа Фран Гарсиа како лев бек, централните бекови Орелјан Чуамени и Раул Асенсио, додека десно беше Васкес. Сега по којзнае кој пат сезонава улогата на десен бек ќе ја има Федерико Валверде, инаку централниот играч за врска на тимот предводен од Карло Анчелоти.

Натпреварот Сити - Реал се игра во вторник од 21 часот на стадионот „Итихад“, а реваншот меѓу овие ривали во плеј-офот за Лигата на шампионите ќе се одигра осум дена подоцна на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Фудбал

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Read more

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Read more

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Read more

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе