Невидлива тастатура: Пристигна SelfieType
Samsung креираше невидлива виртуелна тастатура која користи вештачка интелигенција за следење на движењата на прстите.
Проектот, дел од C-Lab, е наречен SelfieType и ја користи предната камера на телефонот, таблетот или лаптоп компјутерот преку кој ги следи движењата на прстите и ги „преведува“ во стандарден QWERTY распоред.
Софтверот не бара дополнителна опрема и кога ќе биде достапен на пазарот ќе претставува одлична алтернатива за сегашните тастатури. Засега не е познато кога ќе биде комерцијално достапна, ниту колку ќе чини.