ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Невил ги откри проблематичните точки на кои в лето Јунајтед треба да се засили

„Црвените ѓаволи“ почнаа да попуштаат во борбата за титулата во Премиер лигата и тоа најмногу поради грешки во дефанзивата.

Поранешниот десен бек на тимот, Гари Невил, кој сега е стручен коментатор во Sky Sports, е убеден дека доколку Манчестер Јунајтед ја засили одбраната за време на летниот преоден рок, наредната сезона ќе се бори за титулата до крај.

Сезонава никој и не очекуваше од „Црвените ѓаволи“ да бидат таму горе, до пред некое коло дури и лидери, но одличните игри и пред сѐ тактиката на Оле Гунар Солскјер си го направија своето.

Лидерската позиција ги натера навивачите да веруваат дека чудо ќе се случи сезонава и Јунајтед прв пат по осум години ќе ја освои титулата. Сепак, брзо стигна враќањето во реалноста.

„Манчестер Јунајтед едноставно не е баш спремен за борба за титулата. Нешто недостасува, не делува како што треба“, смета Невил.

„Но, мислам дека се на прав пат. Очекувам да бидат конкурентни наредната сезона. Очекувам да донесат нов централен дефанзивец, можеби и нов латерален бек. Голманската позиција е дефинитивно една од оние точки кои треба внимателно да се разгледа“.

Синоќа Јунајтед одигра 3:3 со Евертон, а блед настап имаше голманот Давид де Хеа кој е на мета поради првиот и третиот гол на гостите.

„Би било интересно да се разгледаат опциите за десно крило, а за напаѓач ќе зависи од тоа како Гринвуд ќе се вклопи до крајот на сезоната“, ја заврши својата анализа поранешниот „ѓавол“.

Јунајтед беше лидер точно на половина од сезоната, согласно 19. коло, но сега по 23. коло е втор со 5 бодови заостанување зад градскиот ривал Манчестер Сити, кој има и натпревар помалку.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе