Невладините бараат да се осигура безбеден абортус за време на пандемијата во Европа

Брисел, 8 април 2020 (МИА) – Организациите за заштита на човековите права, меѓу нив и македонската ХЕРА, потпишаа повик до владите ширум Европа да обезбедат сигурен и брз пристап до абортус за сите жени и девојки за време на здравствената криза, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амнести Интернешенал и десетици невладини организации ангажирани во борбата за човековите права потсетуваат дека во вакво време на вонредни мерки и изолација на граѓаните на континентот, се појавуваат бројни пречки за пристап до безбеден прекин на бременоста, додека пак владата во Полска носи драконски закон за забрана на абортусот, користејќи го фактот што вниманието на јавноста е свртено кон други теми.

-Европските влади мораат итно да делуваат за да обезбедат сигурен и брз пристап до абортусот за време на пандемијата од COVID-19, тие мора брзо да ги отстранат сите непотребни медицински пречки кои го отежнуваат пристапот до абортусот и да им овозможат на жените пристап до ран абортус од дома, изјави Леа Хоктор, од Центарот за репродуктивни права.

Организациите бараат да се признае прекинот на бременоста како суштинска здравствена потреба и потсетуваат дека поради здравствената криза голем број болници ги сведоа своите здравствени услуги на минимум или го пренасочија персоналот, и во многу места пристапот до нормални клинички услуги стана „екстремно тежок“.

-Рестрикциите врз репродуктивното здравје диспропорционално ги засегаат жените кои живеат во сиромаштија, жените со попреченост, Ромките, жените мигранти без документи, адолесцентите, транс жените и жените кои се соочуваат со ризик од семејно или сексуално насилство, стои во писмото.

Во шест европски земји абортусот е сѐ уште забранет и силно ограничен поради административни бариери и доктори кои одбиваат да вршат прекин на бременост поради лично убедување, во тие земји жените се приморани да патуваат во странство за да добијат абортус, што во овие околности на карантин е речиси невозможно.

-Додека пандемијата ги засега сите аспекти на нашето живеење, тоа не смее да биде искористено како оправдување за да се поткопаат правата на жените да носат одлуки за нивните репродуктивни и здравствени права, стои во повикот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе