Невозможна мисија во Мадрид: Лопетеги чекори по стапките на Дејвид Мојс

Токму кога работите одеа како подмачкани за Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан решија да го напуштат клубот, па раководството мораше да преземе нешто околу тоа. Хулен Лопетеги беше назначен за нов тренер на клубот, но патеката по која чекори тој изгледа многу слично на онаа на Дејвид Мојс, кога тој беше тренер на Манчестер Јунајтед.

Зинедин Зидан ја напушти тренерската позиција кога сметаше дека нема што повеќе да му понуди на клубот. Во само три сезони тој успеа еднаш да ја освои Ла Лига и трипати по ред да слави во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Реал Мадрид испадна од борбата за титулата во Ла Лига, но Зидан остана посветен само на игрите во Лигата на шампионите и изгледаше дека се бори за неговото работно место. Кога веќе стигна до финалето, победникот беше повеќе од извесен, посебно откако се повреди најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах.

Продажбата на Кристијано Роналдо не му ја олесни работата на новиот тренер, Хулен Лопетеги, но ја отвори вратата за тој да му даде нов идентитет на клубот. Според досегашните игри, ова повеќе изгледа како неуспешен експеримент на раководството на Реал Мадрид отколку на почеток на нова бајка за „кралскиот клуб“. Во последните четири натпревари Реал Мадрид не успеа да постигне ниту гол, додека Јувентус стигна до совршен старт од 10 победи по 10 одиграни натпревари. Тоа е ефектот на Кристијано Роналдо.

Но, задачата на Лопетеги беше да направи да не се забележува отсуството на Роналдо. Тој требаше да го извади максимумот од Герет Бејл, Карим Бензема, Иско, Тони Крос и останатите ѕвезди во составот. Во првите три натпревари тимот дури изгледаше подготвен да се бори со предизвикот, но оттогаш работите тргнаа надолу за Реал Мадрид. Поразот од ЦСКА Москва во ЛШ го активираше алармот и сега шпанските медиуми тргнаа по главата на Лопетеги, кој е опишан како „недоволно подготвен за толку голема задача“.

Приказната на Лопетеги неодоливо потсетува на онаа во која се најде Дејвид Мојс пред неколку години, кога од него беше побарано да го замени Сер Алекс Фергусон на тренерската позиција во Манчестер Јунајтед. Исто како Мојс, и Лопетеги се соочува со невозможна мисија: да ја замени клупската легенда која остави зад себе многу титули и огромно наследство.

Следните три натпревари можат да се покажат како решавачки за Хулен Лопетеги. Во наредните три кола Реал Мадрид ќе се соочи со Леванте на домашен терен, Барселона на Ноу Камп и потоа назад дома со Ваљадолид. Во потенцијално отсуство од позитивен резултат во овие натпревари, може да се очекува дека Лопетеги ќе биде заменет пред да биде предоцна за Реал Мадрид.

Авантурата на Хулен Лопетеги може да испише сосем различен правец во кариерата на овој тренер, поинаков од она што се очекуваше од него пред само една година. Тој се откажа од селекторското место во шпанската репрезентација за да го преземе Реал Мадрид, но сега може да остане и без работно место на клупски план. Зарем тој се откажа од честа да биде селектор на Светско првенство само за да биде новиот Дејвид Мојс?

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе