Бран обилни врнежи ја погоди северна Италија.
Поплавен е финансискиот центар на Милано, а во регионот Пиемонт се трага по исчезнатиот тракторист.
58-годишниот Џовани Канавера утрово го движел својот трактор по брегот на реката Орко, но земјата попуштила и тој и тракторот завршиле во матната вода. Малку по 18 часот тракторот е извлечен, но трага од мажот сè уште нема. Се претпоставува дека го однела силна речна струја, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер.
Trattore travolto dalla piena del fiume Orco in Piemonte: un disperso pic.twitter.com/gV8pn01cDk
— Local Team (@localteamit) September 5, 2024
Уште една река се излеа во долината Суза во Пиемонт, урна два моста, блокирајќи го патот и изолирајќи околу 50 луѓе во две села. Два други северни региони, Ломбардија и Венето, исто така се соочуваат со поплави.
Dalle ore 11:10 di stamattina #vigilidelfuoco impegnati a Feletto (TO) per la ricerca di un uomo disperso nel torrente Orco dopo essersi ribaltato con un trattore. Nella clip ricognizione aerea con l'elicottero Drago sulla zona di ricerca [#5settembre 19:45] pic.twitter.com/sCHKpxJJ7R
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 5, 2024
Невремето предизвика голема материјална штета и прекин во градот Милано каде се излеаа реките Севесо и Ламбро. Пожарникарите во Милано соопштија дека одговориле на десетици повици за спасување на луѓето заглавени во автомобили во поплавените подвозници и отстранување на водата од подрумите.
Некои услуги на метрото мораа да бидат прекинати поради поплави. За прв пат од основањето во 1976 година, радио станицата Radio Popolare престана да емитува програма бидејќи нејзиниот центар за емитување беше преплавен со вода.
Инаку, јужна Италија изминативе неколку недели се справува со суша, која предизвика големи проблеми за локалното земјоделство и туризам, особено на островите Сицилија и Сардинија.