Невремето предизвика многу штети на Балканот

Загреб, 25 септември 2018 (МИА) - Силните ветрови и високите бранови кои во Јадранското Море достигнаа до пет метри височина, предизвикаа прекин на многу фериботски линии во хрватскиот град Сплит.

Температурата во Далмација падна за десет степени, а на Биоково беа измерени  само 3,3 степени Целзиусови. Силниот ветер и дожд предизвикаа сообраќаен метеж во Сплит во попладневните часови, со оглед на тоа што на повеќе места имало превртени контејнери и скршени дрва.

Бури со силни ветрови и дождови ја зафатија и областа Макарска. Брзината на ветерот достигнала и до 100 километри на час, а во прекин е и фериботската линија Сумартин-Макарска.

И во Црна гора невремето предизвика големи штети. Комисијата за утврдување на штети ќе утврди колку штета предизвикало невремето што вчера ја зафати Подгорица, соопшти градоначалникот Иван Вуковиќ.

Тој рече дека ќе вложи максимални напори последиците од невремето да бидат што побрзо санирани. Во градот не работеле многу семафори, што предизвикало хаос во сообраќајот. Ветарот, кој дувал со 80 километри на час, предизвикал многу штета на електродистрибутивната мрежа поради што жителите во центарот на Подгорица три часа биле без струја. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе