Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Познатиот американски невролог д-р Шон Мулен ја анализираше бизарната повреда на Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим кога шише со вода падна од ранец на еден од гледачите и го погоди по глава најдобриот светски тенисер.

По победата над Корентин Мутетон со 6:3 и 6:1 во второто коло на Мастерсот во Рим, Ѓоковиќ почна да дава автограми за навивачите.

Еден од навивачите беше наведнат над трибините во обид да добие автограм од најдобриот тенисер на светот, а шише со вода му падна од ранецот и го удри Ѓоковиќ по глава.

URL

Американскиот невролог д-р Шон Мулен го анализирал ударот и заклучил дека воопшто не изгледа безопасно.

„Го анализирав инцидентот кога Ѓоковиќ беше случајно удрен по главата со нешто што изгледаше како делумно полно челично шише со вода. За да го разберам ударот, користев вештачка интелигенција за да ја пресметам силата на шишето што удри Новак. Пресметките сугерираат дека шишето кое паднало од висина од два метри со минимална почетна сила, удрило во Ѓоковиќ со сила од 79,2 њутни. Тоа е еквивалент на куче со средна големина да падне врз вас“, напиша Мулен.

Веќе во следното коло Ѓоковиќ доживеа сосема неочекуван пораз од Алехандро Табило 6:2, 6,3, а Мулен не исклучува дека Новак одиграл лошо поради тој удар во глава.

„Од невролошка перспектива, таквиот удар во предниот дел на главата може да биде многу загрижувачки. Овој дел од мозокот е клучен за функцијата поврзана со координирање на движењата и обработка на сетилните информации.

Почетните симптоми може да варираат од главоболки и гадење, па сè до големи когнитивни прекини како што се тешкотии со концентрирање и запомнување на стратегии и игри. За спортист како Ѓоковиќ, чиј стил на игра се заснова на прецизност, издржливост и стратешко размислување, дури и најмалата штета може да влијае на перформансите.

Овие симптоми може потенцијално да влијаат на неговата изведба на турнирите, што ќе влијае на времето на реакција и на одлучувањето под притисок. Затоа, неопходно е лекарите да направат проценка за да се уверат дека нема сериозна повреда и безбедно да го насочат кон враќање на теренот“, заклучува во својата анализа д-р Мулен.

реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Read more

Тенис

Ѓоковиќ за односите во регионот: Зошто мора да се бориме едни против други?

Read more

Сензацијата не запира: 361. во светот влезе во полуфиналето на Ролан Гарос

Read more

Посебен трофеј за посебен човек

Read more

Надал се расплака на збогувањето од Ролан Гарос, го испратија најголемите

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе