Невронаучник: Постои една навика која ве прави посреќни, попродуктивни и помалку под стрес на работа

Невронаучникот Дејвид Рок, основач и извршен директор на американската компанија NeuroLeadership Institute, истакна дека постои една работа која им помага на успешните луѓе да ги постигнат своите цели. Имено, како што изјави, станува збор за луѓе кои подобро управуваат со својот мозок.

Тој верува дека високо успешните луѓе подобро ја користат нивната ограничена способност за донесување одлуки. Освен тоа, тоа се оние кои „сфаќаат кога да престанат да ги решаваат проблемите“. Сепак, многу е тешко да се искористи мозокот на најоптимален начин поради толку многу задачи кои бараат време и внимание. Рок има неколку совети како да стигнете до тој најоптимален начин.

Осврнете се на моделите на распонот на вниманието

Кога се обидувате подобро да управувате со вашиот мозок, Рок предлага да „обрнете внимание на вашето внимание“. Тој го опиша ова како забележување шема во квалитетот на размислувањето во текот на денот. На пример, забележувате дека наутро сте неверојатно фокусирани, а попладне неверојатно слаби.

Како и многумина, и вие може да бидете со бистри глави наутро бидејќи сè уште не сте соочени со пожарите што ќе треба да ги гасите и задачите што ќе треба да ги преземете во текот на денот. До крајот на денот главата може да ви биде исполнета со разни обврски кои настанале и тешко да се фокусирате.

Прво направете ги креативните работи

Откако ќе го видите квалитетот на вашето размислување, можете да почнете да ги планирате вашите работни активности соодветно. Ако вашиот ум е најчист наутро, искористете го тоа време за подлабоко и покомплексно размислување бидејќи, како што тврди Рок, едноставно можете подобро да се фокусирате. Оставете помалку креативни задачи за моменти кога ќе можете посилно да се концентрирате.

На многумина Рок им препорачува прво да извршуваат креативни задачи, потоа итни и важни, а потоа да се фокусираат на пораките на е-пошта и на сѐ останато. Тој е на мислење дека на овој начин е можно да се искористат „најмоќните моменти на мозокот“ за задачи на кои навистина им се потребни.

Тој ја истражувал оваа навика и резултатите од тоа истражување ги објавил во книгата „Your Brain at Work“ (Твојот мозок на работа). Преку споменатото истражување утврдил дека оние што ја имаат споменатата навика се посреќни, попродуктивни и помалку под стрес или, како што навел, едноставно имаат повеќе моќ во мозокот, пренесува CNBC.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Живот

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Read more

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Read more

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Read more
 

Магазин

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Читај повеќе

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Читај повеќе
  • play_arrow

Гурмански рецепт: Говедско филе со бибер сос и компири

Читај повеќе

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Читај повеќе