The New York Times: Дали Русија ја користи Србија да поттикне конфликт на Балканот

Дали Русија ја користи Србија за да создаде раздор во Европа и да создаде нови конфликти меѓу земјите од поранешна Југославија, со цел да го оттргне вниманието на НАТО од војната во Украина, тоа е прашањето на западните дипломати за кое пишува The New York Times во вчерашното издание.

Весникот наведува дека стравувањата од руското влијание врз Србија се зголемени поради минатонеделните тензии во врска со прашањето за регистарските таблички на Косово, што доведе до демонстрации, барикади и пукотници.

Руските медиуми со месеци објавуваат запаливи извештаи за репресијата на Србите на Косово и Босна, пишува весникот оценувајќи дека тие претставуваат „реприза на руската пропаганда за страдањата на етничките Руси кои живеат во Украина“ со цел да ги „охрабри тврдокорните српски националисти“.

„Русија смета дека колку повеќе време Западот троши потејќи се на Балканот, толку помалку ќе може да поти во рускиот двор“, ја пренесува The New York Times изјавата на Вук Вуксановиќ, истражувач во белградскиот Центар за безбедносна политика.

Тој вели дека ограничен е рускиот маневар во Србија. „Потребни се локални елити, а тие не сакаат да бидат жртвувани заради руските интереси“, смета Вуксановиќ.

Во однос на руското влијание врз прашањето за Косово, Вуксановиќ оцени дека Косово е „совршена инвестиција која малку чини“ за Русија, но смета дека нејзината способност да предизвикува проблеми на Балканот е намалена поради војната во Украина.

„Сега Русија не може многу. Нејзините опции се поограничени и таа е поизолирана. Таа ги насочи своите ресурси на Украина“, вели Вуксановиќ.

Одбивањето на Србија да воведе санкции кон Русија предизвика критики од оние кои сметаат дека српскиот претседател Александар Вучиќ работи во корист на Кремљ.

Косовскиот премиер Албин Курти во април го нарече Вучиќ „мал Путин од Србија“, додавајќи дека Србија е „единствената земја во Европа што одби да воведе санкции кон Русија“.

Вучиќ ги отфрли таквите обвинувања, потсетува њујоршкиот весник. Тој рече дека „Курти сака да биде мал Зеленски борејќи се против малиот Путин“ и затоа го претставува како „ужасен националист“ кој сака да војува со сите, што воопшто не е точно.

Весникот потсети и на неодамнешната изјава на пратеникот на СНС Владимир Ѓукановиќ за „денацификација“ на Балканот, споредувајќи ги целите на Русија во Украина и идејата за Голема Србија од 90-тите години на минатиот век, коментари што Вучиќ ги нарече „неодговорни“.

Тагови
реклама

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Регион

102 дојави за подметнати бомби во училишта во Бугарија

Read more

Курти: Нема автономија за Србите, туку де факто признавање меѓу Косово и Србија

Read more

Како Вучиќ сфатил дека ќе има војна во Украина без Путин да му каже директно?

Read more

Поскапе патарината во Србија

Read more
 

Вести

Сточарите бараат реална откупна цена на јагнешкото месо

Читај повеќе

Стручниот и обдукцискиот извештај треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

Читај повеќе

Комисијата даде негативно мислење за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид

Читај повеќе

Најавено забавување на сообраќајот на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“

Читај повеќе

ОЈО отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Читај повеќе

Идниот премиер на Шкотска: Независноста ни треба повеќе од било кога

Читај повеќе

Дали руската елита ќе му пресуди на Путин пред Хаг?

Читај повеќе

Вработените во Министерство за култура побараа поголеми плати со протест пред Влада

Читај повеќе

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Читај повеќе