Љубов и секс

Незаборавни сексуални искуства, на лош начин

14. мај 2018 - 12:10 | А.С.

На повеќето луѓе им се случило барем едно од овие непријатни искуства во кревет што го направиле сексуалното доживување незаборавно од сосема поинакви причини.

 Сексот би требало да биде едно од најубавите доживувања во животот, но понекогаш не оди сѐ според планот и се случуваат „незгоди“ поради кои помислувате „зини земјо, голтни ме“. Ова се дел од тие моменти што посакувате никогаш да не ви се случиле:

Лош обид за секси коментари

Секси коментарите или експлицитни реплики („dirty talk“) се една од оние работи што може брзо да заминат во сосема погрешен (и неповратен) правец ако не се направи како што треба. За да кажете нешто секси и по малку вулгарно во кревет треба да имате самодоверба, да знаете дека другиот сака таква игра и да го погодите моментот, секако.

Агресивно „грабање"

Нема ништо лошо во малку поцврст стисок во моментите на страст, но освен ако тоа не е нешто на кое двајцата сте се согласиле, агресивноста за време на секс не само што не е секси, туку е и непријатно и болно искуство.

Фатени на дело

Таман се „вжештила“ атмосферата и сте среде секс, кога некој „непоканет гостин“ отвора врата. Во подобро сценарио тоа е братот/сестрата или цимерите, а во најлошо родителите или партнерот на личноста со која сте буквално фатени на дело.

Испуштање гасови

Телото е опуштено целосно се имате предадено на сексуалното доживување, кога одеднаш сте премногу опуштени и се слуша тој најнепосакуван звук во најнепогоден момент. Навистина незаборавно.

Непријатен мирис

Дали некогаш ви се случило да почнете да се соблекувате пред првиот секс со некого и да ве „удри“ бран непријатен мирис? Не се секирајте, не сте ни први ни последни. Дискретно заминете си и обидете се да заборавите дека тоа се случило. Ако можете.

Коментирај