Незадоволниот Лунин бесплатно ќе го напушти Реал

Макфакс/Кајгана
/ 21.08.2024 / 12:09

Голманот на Реал, Андриј Лунин, ќе остане во клубот до крајот на сезоната, што во неговиот случај значи и до крајот на договорот. Тој потоа ќе го напушти „Сантјаго Бернабеу“ како слободен играч, што значи дека клубот нема да профитира од неговото заминување.

Украинецот беше прв голман на клубот во минатата сезона, но враќањето на Тибо Куртоа по повредата и операцијата на менискусот на десното колено значи дека тој се врати на клупата, што го докажа почетокот на сезоната.

Белгискиот голман е меѓу стативите, а незадоволниот Лунин е резерва. Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да се откаже од него за ни помалку ни повеќе туку 20 милиони евра, но и дека нема понуди за него.

Според овие извори, Лунин донел одлука да го раскине договорот, што значи дека на крајот од сезоната ќе биде слободен играч и ќе може да преговара за подобри услови. Со заинтересираните клубови голманот ќе може да преговара во јануари.

Transfermarkt го проценува на 25 милиони евра.

25-годишниот Лунин пристигна во Реал во 2018 година во трансфер вреден 8,5 милиони евра од редовите на Зорја. За Украина има 13 настапи и му е резерва на Анатолиј Трубин.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе