Незапирливиот Салах: 9 натпревари во низа дава гол и руши рекорди

Египетскиот репрезентативец го отвори резултатот синоќа во Мадрид, со што запишувајќи се во листата на стрелците постави нов клупски рекорд.

Мохамед Салах постави нов рекорд во историјата на Ливерпул откако стана првиот играч кој успеал на 9 натпревари по ред да постигне гол, достигнување кое никому во долгата клупска историја, која патем датира уште од 1892 година, не му успеало.

Ливерпул синоќа славеше на гостувањето кај Атлетико со 3:2, а Салах уште во 8. минута постигна гол најавувајќи ја победата која потоа во 78. минута од белата точка и ја завери.

Салах сезонава игра маестрално за Ливерпул и веќе на Островот велат дека тој се наоѓа во најдобрата форма во својата кариера. Откако почна новата сезона тој во сите натпреварувања има постигнато 12 гола, од кои на 9 натпревари во низа. Неговата непрекината низа почна на крајот од август која од пенал погоди против Челси (1:1) во Премиер лигата. Оттогаш, тресеше мрежи на сите натпревари на кои играше, а жртви му беа Лидс, Милан, Кристал Палас, Брентфорд, Порто, Манчестер Сити, Вотфорд и сега Атлетико.

URL

Единствениот натпревар на кој не постигна гол, а се наоѓа меѓу оние во низата, беше оној против Норвич во Лига купот, но од проста причина што тогаш не играше добивајќи заслужен одмор.

А, пак, единствениот натпревар на кој настапи, а не постигна гол сезонава е оној од 2. коло во Премир лигата против Барнли. Низата ја почна после тој дуел. Да погодеше и тпгаш сега низата ќе гласеше 11 натпревари, бидејќи гол даде и во 1. коло.

За разлика од настапите во својот клуб, со репрезентацијата на Египет не може да се пофали со слична форма. Во септемвриските и октомвриските мундијалски квалификациски натпревари трипати одигра цели 90 минути, но ниту еднаш не се запиша во листата на стрелци, а противници му беа Габон и двапати Либија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе