Незначително намалување на новозаразените, Скопје и натаму со најмногу активни случаи

Сто шеесет и четири новозаразени со COVID-19, 12 оздравени пациенти,  двајца починати и 1.045 тестирања е вчерашниот биланс од епидемијата на коронавирусот, што го соопшти Министерството за здравство.

Завчера беа регистрирани 175 случаи, а рекордот на дневно ниво беше забележан на 5 јуни со 180 случаи. Во изминативе пет дена во државава беа направени 4.733 тестирањa, а 678 граѓани добија позитивни резултати за COVID-19. Како резултат на вирусот изминатите пет дена има 18 смртни случаи.

На Инфективната клиника во Скопје вчера беа примени 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Исто така вчера во ГОБ „8 Септември“ примени беа 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на оздравени пациенти е 1.694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836.

На врвот со најактивни случаи со COVID-19 е Скопје, со вкупно 1.040 пациенти, следи Куманово со 202 случаи, Штип 192, Тетово 165… Од друга страна, во главниот град во редоследот по единици на локална самоуправа на чело е Општина Чаир со 235 позитивни пациент со коронавирус, Гази Баба со 89 активни случаи, Бутел со 88, во Центар и Аеродром, заклучно со 12 јуни имаат по 87 пациенти со COVID-19.

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на COVID-19.

Околу 70 проценти од активните случаи и новозаразените со коронавирусот се во рамките на познатите кластери, но има и нови, односно лицата заразени на две свадби во Охрид и Скопје. Како што изјави завчера министерот за здравство Венко Филипче појавата на нови случаи е секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките.

По неколку дена мирна состојба и негативни резултати како последица на непочитување на мерките за заштита од корона вирусот во Дебар повторно се регистрирани случаи на заболени. Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, истакна дека состојбата е под контрола, но како што оди трендот и очекувањата, тој додаде дека во следните денови ќе имаа појава на спорадични случаи со COVID-19 во овој град.

Истовремено тој истакна дека трите позитивни случаи од петокот се од земените осум брисеви во понеделникот, додека за седумте брисеви земени во вторникот сè уште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од скрининг на вработените во градинката, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. Од нив, две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица.

Последната статистика објавена од Министерството за внатрешни работи за казни по однос на неносење заштитна маска покажува дека се санкционирани над илјада граѓани меѓу четврток и петок.  Како што информираа од МВР висината на казната за не носење маска е 20 евра, односно 10 евра во денарска противредност ако истата се плати за една недела. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе