Кошарка
НБА 2019/2020

Ни Јокиќ со дабл-дабл не го спаси Денвер од пораз на домашен терен

20. јануари 2020 - 9:07 | А.С.

Синоќа се одржаа само две НБА средби, при што Денвер Нагетс беа поразени на домашниот паркет од Индијана Пејсерс со 115:107, а Спарс го победија Мајами.

Во Денвер клучна за победата на гостите беше последната четвртина која Индијана ја доби со 41:26.

Уште еден извонреден меч во тимот на Денвер одигра Србинот Никола Јокиќ кој имаше дабл-дабл ефект со 30 поени и 10 скока.

Во победничката екипа со по 22 поена најефикасни беа Ти Џеј Ворен и Доматас Сабонис. Деневер по 42 натпревара има биланс 29-13 (победи-порази), додека Индијана е со ефект 28-15.

Сан Антонио Спарс запиша победа над Мајами Хит со 107:102 на интереснара средба во AT&T Center.

Најефикасен во триумфот на Спарс беше Олдриџ со 21 поен, додека Дерозан постигна 20, како и девет скока и девет асистенции. Кај Мајами, Адебајо постигна 21 поен и додаде 16 скока.

Коментирај