Ни се заканува инвазија на вонземјани, но не каква што очекуваме

Постојаниот развој во истражувањето на вселената и вклучувањето на нови, приватни компании во тоа истражување, претставува ризик за Земјата од инвазијата на вонземјани, но не какви што очекуваме и си замислуваме, предупредуваат научниците. Тие наведуваат дека заканата е всушност инвазија на непознати вируси и бактерии од вселената.

Пандемијата на коронавирусот предизвика загриженост кај научниците за епидемиолошката безбедност, а некои дури и изнесоа теории за вонземското потекло на вирусот што нè погоди.

Научниците одамна знаат дека одредени микроорганизми, како што се полиовируси или бактериофаги, можат да го преживеат вакуумот во вселената и космичкото јонизирачко зрачење.
Затоа научниците во новата студија, објавена во научното списание Bioscience, предупредуваат на опасноста од вселенските микобактерии и вируси.

Опасноста од вонземски вируси не ни се заканува само нам, туку и на небесните тела до кои луѓето допираат носејќи вируси од Земјата, предупредуваат научниците, а опасноста е поголема отколку што досега се мислеше.

„Речиси е невозможно да се истражат нови планети без микробиолошки пренос“, се вели во научната студија.

Научниците објаснуваат дека некои организми имаат развиена толеранција за условите во вселената, а некои дури можат да растат и еволуираат во одредени вселенски услови, како што е микрогравитацијата.

Тие се осврнаа и на нашиот најблизок планетарен сосед Марс, кој е предмет на зголемен интерес на вселенските истражувачи.

„Новите докази сугерираат дека одредени региони под површината на Марс може да поддржат висока густина на микробните клетки. Тие региони на Марс, но и на други планети и небесни тела, кои се сметаат за потенцијално погодни за живот, веројатно ќе бидат цел на мисиите во потрага по вонземски живот, со што ќе се зголеми ризикот од контаминација во два правца“, се наведува во студијата.

Научниците ја повикуваат меѓународната заедница да развие системи за препознавање на ваквите закани и можните последици.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе