Ник Кирјос обвинет за женомразие по коментарите за девојката на Синер

Ник Кирjос е обвинет за мизогинија од обожавателите и новинарите по неговото најново контроверзно однесување на социјалните мрежи.

Светот на тенисот неодамна го потресе откритието дека најдобриот играч во светот според АТП листата, Италијанецот Јаник Синер, избегнал суспензија иако во крвта му бил пронајден стероид.

Многумина веруваат дека Синер, кому му беше дозволено да се натпреварува во текот на истрагата, го спасил статусот на ѕвезда.

Едноставно, би било преголем удар за тенисот да изгуби една од најголемите ѕвезди на новата генерација и оттогаш многумина се гласни во критиките кон Синер.

Меѓу нив е и Австралиецот Ник Кирјос, познат по своето проблематично однесување на теренот и надвор од него, кој исто така реши да удри под појасот.

Кирјос на фотографијата на Синер и неговата девојка Ана Калинскаја ја коментираше „втор сервис“, алудирајќи на тоа дека Калинскаја била со него пред да биде во врска со Синер.

Тенискиот новинар Оли Патон од tennismajors.com твитна слика од објавата на Кирјос со коментар: „Кирјос за Калинскаја“ и емотикон што означува срам од туѓа постапка.

Кирјос му одговори: „Така... значи јас сум лошиот што кажал нешто за тоа? Никогаш не сум го спомнал тоа. Не се навредувајте ако други го спомнат. Едноставно е.“

Американскиот радионовинар Џон Вертхајм објави на X: „Ник Кирјос еднаш даде женомразечки, неверојатно недоличен коментар за WTA спортистка, го навлече гневот на нејзиното момче играч на АТП, неговиот тренер и голем дел од соблекувалната... но не се соочи со реални последици и сè беше заборавено под изговор дека е млад и незрел. Тоа беше 2015 година. Сега има 29 години“.

Тенискиот новинар Бен Ротенберг твитна: „Искрено, малку сум изненаден што ESPN не го исфрли Ник Кирјос во средината на финалето на #USOpen, гледајќи го неговиот најнов омаловажувачки твит за WTA играч. Со оглед на неговата историја на понижување на жените, женскиот тенис и WTA играчите, веќе беше сомнителен изборот да биде тука“.

Друг корисник на X рече: „ESPN, Кирјос е женомразач. Неговата тениска кариера е завршена и нема почит кон играчите и играта. Ослободете се од него“.

ESPN не ја коментираше улогата на Кирјос.

Да потсетиме, во телото на Синер пронајдени се траги од клостебол. Во текот на истрагата, беше прифатено објаснувањето на Синер дека анаболниот агенс клостебол влегол во неговото тело кога бил масиран од еден од членовите на неговиот тим, кој претходно користел спреј за третман на кожа кој содржи клостебол, кој може легално да се набави во секоја аптека.

Синер не беше суспендиран, како што обично се случува со спортистите и тенисерите на АТП турнејата, поради многу малата количина на недозволената супстанција, како и поради фактот што веднаш изнесе аргументи за својата невиност. Спрејот го користел неговиот физиотерапевт Џакомо Налди на исеченицата на раката и му го дал неговиот тренер Умберто Ферара. Налди потоа ненамерно го контаминирал Синер со супстанцијата. Светскиот рекет број еден ги отпушти и двајцата.

реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more

Тенис

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more

Чешки тинејџер го сопре Ѓоковиќ на патот кон 100-тата титула во кариерата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе