Американската ТВ презентерка Ана Хофман научи животна лекција на потешкиот пат, откако нејзината предвремена радост сега е потсмев на интернет.

Хофман е репортерка на WMBBTV News 13 која известуваше од еден настан на маалско кошаркарско игралиште во Панама Сити на Флорида.
Таа снимала заедно со локалниот жител Шон ДеПалма, кога на крајот на снимањето решила да шутне удар за тројка.
Топката отиде во обрачот, но пред да падне низ мрежата Ана веќе почна да слави. На изненадување на сите, топката сепак излезе од обрачот откако беше малку, но доволно, поттурната од друга топка, а тоа репортерката го виде дури на снимката.
„Ова мартовско лудило е за вас.... никогаш не се радувајте предвреме“, самата Ана напиша на Twitter објавувајќи ја и снимката.
Видеото само на Twitter има над 4,5 милиони прегледи.
Ваков случен шут се има многупати случено и на професионалните терени, а со крај како тој на Ана, односно предвремена радост, дури и во НБА: