Кошарка

Никој како Харден: „Брадата“ испиша историја во НБА

20. март 2019 - 12:28 | К.З.

Кошаркарите на Хјустон Рокетс го победија тимот на Атланта Хокс со 121:105, но ѕвезда на вечерта повторно беше Џејмс Харден, кој со уште една доминантна партија успеа да оствари историски подвиг.

Синоќа Харден постигна 31 поен и стана првиот играч во долгата историја на НБА кој успеал да постигне најмалку 30 поени против секој од 29-те тимови во лигата.

Последниот играч кој успеа да постигне 30 или повеќе поени против сите противници во лигата беше Мајкл Џордан во сезоната 1986/1987, но легендарниот Ер Џордан таа сезона играше против седум противници помалку (22 тима вкупно ја сочинуваа лигата во таа сезона).

Најблиску до повторување на овој успех дојде Коби Брајант, кој пред 13 години постигна најмалку 30 поени против 28 тимови, само еден помалку од рекордот на Харден.

Сезонава Џејмс Харден е незапирлив и се покажува како еден од најдобрите офанзивни кошаркари во историјата на НБА лигата. Синоќешниот натпреварот против Атланта Хокс беше 74-ти во неговата кариера во кој Харден забележа барем 30 поени и 10 асистенции. Подобри од него во овој сегмент се само Оскар Робертсон, Леброн Џејмс и Нејт Арчибалд.

Коментирај