Никој не беше за поделба на Косово, и потоа се појави Трамп

До скоро, сите западни сили се противеа на идејата за исцртување на нови граници на Балканот, а потоа се појави Трамп, пишува во текстот на BuzzFeed News со наслов „Страста на Трамп за ризични зделки ги дестабилизира границите во Западен Балкан“.

Во текстот на новинарот Алберто Нардели се вели дека европските лидери се многу загрижени за можна дестабилизација на Западен Балкан поради Косово. Сите големи членки на ЕУ се противат на какво било менување на границите на Балканот, а до скоро таков став имаа и САД.

Потоа се појави Доналд Трамп и неговата дипломатија „тргаме раце“ остави простор за нови разговори за промена на границите.

Повикувајќи се на два дипломатски извори, во текстот се тврди дека има еден, неофицијален план што би го поддржала и Србија - северниот дел на Косово во кој главно живеат Срби да се припои кон Србија, а за возврат Косово да го добие јужниот дел на покраината во кој живеат етнички Албанци.

Меѓутоа, таквиот план не им се допаѓа на европските влади кои се плашат дека со прекројување на етничките граници на Балканот би се дестабилизирал целиот регион што пред само 25 години беше соочен со најголемата војна на европско тло по Втората светска војна.

Еден француски дипломат тврди дека самото спомнување на измена на границите има дестабилизирачки ефект.

„Границите се лесно запаливи. Едноставно не може да знаете што ќе се случи ако ги допрете“, вели францускиот извор за BuzzFeed News.

Сега администрацијата на Трамп усвојува порелаксиран пристап кон меѓународните прашања, по принципот „другите сами нека си ги решаваат своите проблеми“.

Еден западен дипломат за Балкан смета дека е „малку веројатно“ дека администрацијата на Трамп активно ја поддржува идејата за размена или поделба на територии, додека друг вели дека неговите американски колеги никогаш отворено не рекле дека се сложуваат со такво решение кога тоа се барало од нив.

Меѓутоа, она што најмногу ги вознемирува долгогодишните набљудувачи на ситуацијата на Балканот не е Америка и дали таа активно ја поддржува идејата или не, туку недостигот на јасна позиција на САД и чувството дека администрацијата на Трамп седнува во „задните редови“ кога се дискутира за регионот.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „на Балканот нема да има промени на границите и се чини дека тоа мора постојано да го повторуваме.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе