Никој не го сака Игуаин: Јувентус не може да се ослободи од Аргентинецот

Шампионот на Италија веќе второ лето по ред се обидува да се ослободи од напаѓачот Гонзало Игуаин, но како што стојат работите, станува сѐ потешко да се најде тим кој е заинтересиран за 31-годишниот Аргентинец. Последните вести велат дека Јувентус го нуди Игуаин на цела Европа, но безуспешно.

И покрај тоа што Јувентус неодамна го назначи Маурицио Сари за нов тренер, а тој е огромен фан на Гонзало Игуаин, сепак раководството на клубот не се откажува од намерата да се ослободи од аргентинскиот напаѓач.

Пред само неколку години страв и трепет за голманите во Серија А, а денеска непожелен во составот на Јувентус – приказната на Игуаин од врвот кон апсолутен заборав се одвива несреќно за него, но и за неговиот клуб, кој е „врзан“ со неговата плата до 2021 година.

Со 31 година, Игуаин и понатаму смета дека има што да понуди на највисокото ниво во европскиот фудбал, но неговите перформанси на фудбалските терени во последните две години го тврдат спротивното. Тој беше понуден на неколку кинески клубови, кои се подготвени да ги задоволат неговите финансиски апетити, но Аргентинецот е упорен во намерата да остане во Европа.

Минатата сезона Игуаин ја помина во два различни тима, со цел да се врати во посакуваната форма и да го убеди раководството на Јувентус дека треба да го задржи во своите редови. Првата полусезона играше за Милан, каде даде осум гола во 22 настапи, а потоа се пресели во Челзи, каде погоди само пет пати во 18 настапи за „сините“ од Лондон.

Јувентус се обидува да донесе нов напаѓач летово, а очите на раководството се вперени кон аргентинската ѕвезда од Интер, Мауро Икарди. Но, за да се случи таков трансфер, клубот мора да се ослободи од 7,5-милионската годишна плата на Игуаин, која го спречува италијанскиот шампион да инвестира во некој докажан фудбалер со статус на ѕвезда. Засега понуди за Игуаин нема од ниту еден тим во Европа, но летото е пред нас и до крајот на август многу работи може да се променат.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more
 

Спорт

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе