Службата за контрола на летови во Нов Зеланд тврди дека не може да пополни работни места за кои не се потребни никакви посебни квалификации.
Нудат почетна плата од 95.000 новозеландски долари (околу 57.000 евра) годишно за само четири работни дена неделно.
Единствен услов е кандидатите да имаат најмалку 20 години и завршено средно образование.
По основните тестови и проверки за способност, следи платена обука и тренинг за контролор на лет во траење од 12 месеци.