Никол Кидман: Бракот со Том Круз ме заштити од сексуално насилство

Актерката Никол Кидман беше во брак со нејзиниот колега Том Круз скоро 11 години, и тоа во време кога филмските парови беа реткост. Според неа, бракот со актерот ја заштитил од сексуалното насилство во Холивуд, кое денес е присутно во истата мера како и тогаш.

Тие се запознаа во 1989 година, на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Само една година подоцна тие стапија во брак на Божиќ во 1990 година. Двајцата заедно посвоија две деца: Изабела Џејн и Конор Ентони.

Никол Кидман ретко зборува за нејзиниот брак со Том Круз откако тој поднесе документи за развој во 2001 година, но реши отворено да проговори за искуството во бракот кој вели дека ѝ донел сигурност како млада жена во Холивуд и ја заштитил од лошите работи кои се случуваат во филмската индустрија.

„Обично не сакам да зборувам за бракот со Том, најмногу поради тоа што сега сум во брак со човек кој е љубовта на мојот живот (Кит Урбан). Но, кога бев млада тој брак ми понуди заштита и сигурност. Се омажив со него заради љубов, но тоа што мојот маж беше популарен и моќен човек ми донесе заштита од сексуално вознемирување“, пишува Никол Кидман во есејот за New York Magazine.

Додека беа во брак, Том Круз и Никол Кидман работеа на два филма заедно: „Far and Away“ (1992) и „Eyes Wide Shut“ (1999). Таа вели дека поради младата возраст (22) на која се омажи со Круз, морала да созрее кога тие се разведоа.

„Поради бракот не искусив моменти на сексуално вознемирување кога бев помлада, но потоа го почувствував и тоа на моја кожа. Дали се појавуваат во мојата професија? Да. Дали би сакала да ги откријам преку статија или колумна? Не баш“, пишува Кидман.

Минатата година Никол Кидман напиша моќен есеј за семејното и домашното насилство, кој беше објавен во магазинот Incredible Women.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе