Никол Кидман и Хју Грант во новата мини-серија „The Undoing“ на HBO
Пред повеќе од 6 месеци се појави тизерот за новата серија на HBO која веднаш го привлече вниманието на јавноста бидејќи во главните улоги се Никол Кидман и Хју Грант.
Оваа мини-серија од 6 епизоди е адаптација на романот „You Should Have Known“, а сценариото го напиша Дејвид Кели.
Серијата го следи животот на Грејс Фрејзер(Кидман), успешна жена во секое поле од животот. Таа е во брак со Џонатан(Грант) со кој има син. Нивниот живот е нормален и мирен, но сè се менува кога одеднаш нејзиниот маж ќе исчезне. Во јавноста се открива неговото ужасно минато, а Грејс е приморана да започне нов живот со синот.
Серијата пристигнува на 25 октомври.