Никол Кидман откри кои ѝ се најомилените филмови

Никол Кидман е една од многуте актери, режисери и продуценти кои споделија листа на нивните омилени филмови со Letterbox.

Тимот на Letterbox ја запре актерката на црвениот тепих и ја замоли да ги сподели четирите омилени филмови, а таа имаше подготвен одговор, иако се пошегува дека да избере само четири филма е „сурово“.

Како нејзини четири омилени филмови Кидман ги издвои Clueless од 1995 година, The Piano Teacher од 2001 година, Piano од 1993 година и A Woman Under the Influence од 1974 година.

Clueless

Clueless е тинејџерски комедија од 1995 година, напишан и режиран од Ејми Хекерлинг. Филмот останува популарен кај публиката години подоцна, и ја следи површната, богата и популарна Шер (Алиша Силверстон) која е на врвот на нејзината средношколска хиерархија во Беверли Хилс.

Сметајќи се себеси за експерт за спојување парови, Шер прво убедува двајца професори да одат на состанок. Охрабрена од нејзиниот успех, таа решава целосно да ја трансформира несмасната нова студентка Таи (Британи Марфи). Но, кога Таи станува попопуларна од неа, Шер сфаќа дека нејзиниот скептичен поранешен полубрат (Пол Рад) бил во право кога ги посочил нејзините заблуди, и во тој процес таа се заљубува во него.

Remote video URL
The Piano Teacher

Еротската психолошка драма The Piano Teacher од 2001 година е во режија на Михаел Ханеке и е заснована на истоимениот роман од 1983 година на Елфриде Јелинек.

Професорката по пијано Ерика е во нејзините рани четириесетти и сè уште живее дома, заробена во животот со нејзината мајка, чие влијание успева да го избегне само при редовните посети на киното каде што гледа порно филмови. Нејзината сексуалност е обликувана од морбиден воајеризам и мазохистичко самоповредување. Ерика и животот одат по својот пат. Сè додека еден ден еден од нејзините студенти не реши да ја заведе.

Remote video URL
The Piano

Драмата The Piano од 1993 година е напишана и режирана од Џејн Кемпион, а во нејзиниот коментар зошто го избрала овој филм, Никол Кидман едноставно рече: „Поради Џејн“. Сместен во текот на 19 век, ги следи немата пијанистка Ада Мекграт (Холи Хантер) и нејзината ќерка Флора (Ана Паквин) кои се оставени со сите нивни работи, вклучително и едно пијано, на плажа во Нов Зеланд по патувањето од Шкотска.

Ада, која е нема од детството, е продадена за брак со локален човек, Алисдер Стјуарт (Сем Нил). Не покажувајќи никаков интерес да се зближи со него, таа наскоро станува фасцинирана со неговиот пријател Џорџ Бејнс (Харви Кајтел).

Remote video URL
A Woman Under the Influence

A Woman Under the Influence е американски драмски филм од 1974 година, напишан и режиран од Џон Касаветес. Во филмот глумат неговата сопруга Џена Роландс и блискиот пријател Питер Фалк. Приказната ја следи очајната и осамена Мејбел Лонгети (Роуландс), која е во брак со Ник (Фалк), градежен работник во Лос Анџелес.

Сè повеќе нестабилна, особено во друштво со други, таа очајно копнее по среќа, но нејзиното крајно непредвидливо однесување го убедува Ник дека таа претставува закана за нивното семејство. Ник одлучува да ја стави својата сопруга во институција на шест месеци. Оставен сам со три деца за одгледување, тој со нетрпение го чека нејзиното враќање, но тоа носи повеќе изненадувања отколку што очекуваше.

Remote video URL
реклама

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

ЕУ: Не смееме да дозволиме тоа што се случи со гасот да ни се случи и со челикот

Read more

Како да препознаете дека вашата идна партнерка е незрела личност?

Read more

Филм & ТВ

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Read more

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Read more

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Читај повеќе
  • filter

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Aндреј од ДНК загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Само една епизода во историјата на телевизијата добила 10/10 на IMDb

Читај повеќе