летни олимписки игри париз 2024

Никола Карабатиќ на болен начин ја заврши кариерата

Познатиот ракометар Никола Карабатиќ вчера и официјално стави крај на својата богата кариера, бидејќи по Олимписките игри повеќе нема активно да се занимава со ракомет.

Неговата Франција вчера беше елиминирана од ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз бидејќи беше поразена од Германија, а кариерата на Карабатиќ ја скрати Дика Мем, неговиот соиграч во дресот на „триколорите“.

Франција беше на чекор до победа од 29:28 над Германија, ја имаше таа предност и нападна на шест секунди до крајот на натпреварот, но Мем направи луд потег да им ја даде топката на Германците иако можеше да исфрли тоа било каде и веројатно ја обезбеди победата.

Веднаш беше казнет од Ренарс Усинс и мечот отиде во продолжение, во кое Германија победи и ги исфрли Французите од Олимпијадата.

Карабатиќ се надеваше дека ќе се збогува со медал на Олимписките игри пред домашната публика, кариерата можеше да издржи барем уште еден натпревар, но со споменатата грешка Мем дефинитивно ја скрати и го испрати легендарниот Карабатиќ во пензија.

Вака Карабатиќ ќе остане со четири олимписки медали. „Триколорите“ ги водеше до злато на Олимписките игри три пати (2008, 2012, 2021 година), а еднаш до сребро (2016 година). Исто така е четирикратен светски и европски шампион, има и еден светски сребрен и два светски и европски бронзени медали со репрезентацијата.

„Готово е, никогаш повеќе нема да доживеам ваква атмосфера. Но, со задоволство ја затворам кариерата, ќе продолжам да навивам за овој талентиран француски тим. Ги остварив моите соништа, горд сум на сите титули и медали што ги освоивме“, изјави Карабатиќ по елиминацијата од ОИ, посочувајќи дека е многу разочаран и дека спортот може да биде суров.

Карабатиќ три пати беше прогласен за најдобар светски ракометар од страна на Меѓународната ракометна федерација (IHF), а во клупската кариера настапуваше за Монпелје, Кил, Барселона и ПСЖ, чиј дрес го носеше во последните девет години.

Три пати ја освои Лигата на шампионите, а 16 пати францускиот шампионат. Со Кил четири пати беше шампион на Германија, а со Барселона два пати ја освои шампионската титула на Шпанија.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Read more

Ракомет

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Read more

Крај на сезоната за Марко Митев

Read more

Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари за настапот во Хрватска

Read more

РФМ ја исплати ветената премија од 3 милиони денари на ракометарите

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе