Никола Којо удри по медиумите: На моите деца во училиште им рекле дека сум мртов

Српскиот актер Никола Којо на својот Instagram профил се огласи за пишувањата во некои локални медиуми дека починал.

Којо обично не е претерано активен на социјалните мрежи, но овојпат реши да реагира.

„Сакав пред една година да објавам дека си се преселил и дека ќе ми недостигаш засекогаш. Да ти се заблагодарам за сè добро и убаво што научив и наследив од тебе. Не го направив тоа поради сликата што следи по твојата. Не го направив тоа поради: ‘Тага во семејството тоа-и-тоа, поради 'Неверувањето’, и поради другите гадости од кои не се срамат и за кои никој никогаш нема да ги казни... (сега тоа им го прават на јавните личности и кога ќе им умре рибата во аквариум). И ти ги мразеше овие сензационалистички говеда и многупати и тебе те вознемируваа заради неколку кликови и малку подобар тираж“, ја започна својата објава актерот со фотографија од својот покоен татко.

„Денес, на моите деца им кажале на училиште дека нивниот татко починал. Денес им се скрати животот од оваа стресна, таблоидна држава, направена како таква да го прикрифа мафијаштвото од невидени размери. Сега морам да ти кажам (и да ѝ дадам наслов на стоката), дека беше најпрекрасниот и најнежниот татко, дека тагата не поминува и дека ќе те сакам засекогаш, затоа што така е со вистинските љубови и вистинските татковци. Твојот син Никола“ напиша видно вознемирениот Којо и го сподели насловот што се појави во еден српски медиум.

Голем број негови колеги во коменатрите испратија пораки со поддршка до актерот и неговото семејство.

Тагови
реклама

Падна нов договор за цената на руската нафта

Read more

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Бојата на столицата може да открие дали имате висок холестерол

Read more

Филм & ТВ

Харисон Форд е подмладен во трејлерот за „Indiana Jones 5“

Read more

Прв тизер трејлер за документарецот на Хари и Меган за Netflix

Read more

Објавен трејлер за цртаниот „Super Mario Bros.“

Read more

Џулија Робертс објави ретка фотографија од нејзините 18-годишни близнаци

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Харисон Форд е подмладен во трејлерот за „Indiana Jones 5“

Читај повеќе

Кање Вест повторно блокиран на Twitter

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер трејлер за документарецот на Хари и Меган за Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлер за цртаниот „Super Mario Bros.“

Читај повеќе

Џулија Робертс објави ретка фотографија од нејзините 18-годишни близнаци

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џена Ортега стана Wednesday?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ќе гледаме на Netflix во декември?

Читај повеќе

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Читај повеќе
  • play_arrow

Истиот подрум, нова генерација: Погледнете го трејлерот за That ’90s Show

Читај повеќе