Николас Кејџ ја избричи главата и пушти брада за снимањето на вестернот Butcher’s Crossing во режија на Гејб Полски.

Филмот е заснован на истоимениот роман од 1960 година на писателот Џон Едвард Вилијамс и следи група ловци на бизони на Дивиот Запад. Филмот се занимава со прашања од човековата природа и машкост и човековата борба против природата.
Сценариото за филмот го напишаа Полски и Лиам Сатре-Мелој, а покрај Кејџ, во филмот играат и Фред Хечингер, Џереми Боб, Ксандер Беркли, Рејчел Келер и Пол Раци.
Кејџ откри дека инспирација за неговиот лик Милер биле Мајкл Џордан, и Марлон Брандо во Apocalypse Now.
„Гејб Полски сакаше да ја избричам главата за да личам на Мајкл Џордан. Мајкл Џордан секогаш имал потреба да победува на теренот. Зарем Милер не е таков? Поради таа потреба да постигне поен, да победи. Тоа ме натера да размислувам“. рече Кејџ.
„Тој изглед на избричена глава малку ме потсети на Курц од романот на Џозеф Конрад и на Apocalypse Now на Копола. На некој начин има смисла, е поврзано, може да биде и едното и другото.
Butcher's Crossing беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто минатата година, каде што ги воодушеви критичарите. Во кината ќе биде достапен од 20 октомври.