
Актерот Николас Кејџ изгледа непрепознатливо за потребите на снимањето на филмот „Dream Scenario“.
Фотографиран е во Торонто, каде ја снима комедијата. Филмот е во режија на Кристоф Боргли, а дејството засега не е познато. Продуценти на проектот се Ари Астер и Ларс Кнудсен.
Покрај Кејџ, во филмот ќе се појават и Џулиен Николсон, Дилан Бејкер, Кејт Берлант и други.
Во наредниот период, Николас ќе работи и на други проекти како „The Unbearable Weight of Massive Talent“, „Butcher’s Crossing“ и „Renfield“.
Актерот и неговата сопруга Рико Шибата во септември станаа родители на ќерка. Кејџ со поранешните партнерки има два сина, Вестон (30) и Кал-Ел (16). Тој зад себе има пет брака.

