Филм & ТВ

Николас Кејџ се премисли: Побара поништување на бракот четири дена по венчавката

29. март 2019 - 12:28 | К.З.

Холивудската ѕвезда Николас Кејџ поднесе барање за раскинување на бракот само четири дена по венчавката. Тој изјави дека ќе побара развод доколку не му биде одобрено поништување на бракот.

Николас Кејџ (55) поднесе барање за поништување на бракот во средата – само четири дена откако тој и неговата девојка Ерика Коике застанаа на „лудиот камен“.

Актерот успеваше да ја држи во приватност врската со Коике бидејќи сакаше да биде што подалеку од очите на јавноста. Фотографите успеаја да ги „уловат“ само неколкупати за време на нивниот одмор во Порторико во април 2018 година, како и еднаш во мај кога беа на вечера во Лос Анџелес.

Парот беше заедно околу една година, а се венчаа на 23 март во Лас Вегас, бидејќи Николас Кејџ сметаше дека би било добра идеја ако направат спонтана, ненајавена венчавка. Изгледа дека не размислил доволно. Разделбата на оскаровецот и Ерика (35) засега останува мистериозна, бидејќи актерот не ги разјасни причините околу барањето за раскин на бракот.

Инаку, Кејџ досега трипати беше во брак и трипати се разведуваше пред да биде во врска со Ерика Коике. Најпрво со Патриша Аркет во 1995, со која се разведе во 2001. Потоа со Лиса Мари Пресли во 2002, од која се разведе само две години подоцна. А третиот брак му беше со келнерката Алис Ким, која често ја посетувал во локалниот ресторан и со неа има син кој се вика Кал-Ел (криптонското име на Супермен), а е роден 2005 година.

Коментирај