Николовски: Мора да ставиме ред во функционирањето на институциите

Во Владата имаме политичка и лична волја да се посветиме на функционирање на институциите. Мора да ставиме ред и да започнеме со работата, на самиот почеток сме при дефинирањето на работите и сѐ уште се разговара за екипирање на мојот кабинет. Во периодот што следи внимателно ќе ги дефинираме работите, ќе се екипираме и ќе излеземе со конкретни предлози пред граѓаните, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

– Како ќе го проверуваме потеклото на имот е процес што ќе трае и нема да биде готов ниту утре, ниту, пак, во октомври. Станува збор за системски работи што се дојдени на ред да ги одработиме и имаме чест на отворен и транспарентен начин да ги изградиме сите механизми и модели на база на најдобрите пактики, рече Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека може да се скратат многу бенефиции, трошоци и привилегии на избраните лица.

– Еден од столбовите на нашата програма е кратењето на бенефициите и привилегиите. Секој од нас е дојден за плата и треба да одработи најдоборо што знае за граѓаните. Како што јас можев да не користам службена картица како дополнителен заменик-министер или министер и ништо не ми фали истото може да го направи и било кој друг функционер на централно или локално ниво. Не треба да гледаме само дали нешто ни следува или не, туку и да размислуваме дали нешто треба да употребиме и да го искористиме на штета на граѓаните и на системот, рече Николовски.

Вети дека целосно ќе притиснат на централно и на локално ниво се да биде транспарентно, да има отворени податоци и сѐ да биде објавено што, додаде, беше континуитет и на политиките на минатата влада.

– Ќе инсистираме на продолжување на кратењето на привилегиите на дискрециските права на избраните функционери. Ова поле за работа е огромно и има многу што да одработиме. Имаме силна политичка волја за средување на работите во државата што сега мене ми е доделено како мандат, истакна Николовски.

Прецизира дека сѐ уште не е дефинирано што ќе се прави со кратењето на патните трошоци на функционерите.

– Сигурно е дека ќе одиме во целосно реорганизирање и ќе понудиме нов системски концепт. Имаме толку многу можности каде треба да се рационализираат трошоците, да се намалат привилигеите и да се одвратат од злоупотреби, но во периодот што следи штом ќе биде конципирано конкретно решение ќе биде споделено со јавноста. Во делот на пратениците ова прашање треба да биде упатено до Парламентот затоа што е над Владата и министрите одговараат пред народните избраници, посочи Николовски.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе