Нимиц: Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, за идентитет не може да се преговара

Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации, вели поранешниот медијатор за спорот со името, Метју Нимиц.

Нимиц во интервју за Канал 5, прашан за односите Софија-Скопје, и за тоа дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор, но на маса е ставен од Бугарија, појаснува дека за грчката страна проблемот не бил идентитетот туку името на јазикот, а во овој случај станува збор за поинаков спор.

– Овие прашања се уникатни, имало ситуации кои биле слични, но и не така слични. Знаете, Преспанскиот договор се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но, нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките Македонци. Спорот со Бугарија е поинаков, во однос на потеклото на јазиците. Јас не сум експерт за тоа, тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое тие сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија, вели Нимиц.

Запрашан може ли да се разговара за нечиј идентитет, што е внатрешно чувство на припадност, Нимиц дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

– Не, не можете. Меѓу Грција и Северна Македонија имаше внатрешни чувства, и сѐ уште има. Луѓето во Северна Македонија се емотивни за тоа и луѓето во грчкиот регион Македонија се сѐ уште емотивни. Не се водите од емоции, но, можете да постигнете договор за тоа како разговарате за тоа, како го артикулирате тоа, со почит кон различните мислења за сензитивни историски или емотивни прашања, вели американскиот дипломат.

Амбасадорот Нимиц смета дека не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија туку двете страни треба самите да го решат прашањето, како и за тоа дали им е потребна медијација.

– Една медијација во животот ми е доволна. Исто така, медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но, двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, а не некој од надвор за нив, вели поранешниот медијатор за спорот со името, Метју Нимиц.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе