Нинџа: Лица во придружба на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Укинување на пресудата и враќање на постапката пред изменет судечки совет побараа во образложението на жалбите обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година на денешното продолжение на тридневната јавна расправа пред Апелација за пресудите за „27 април“.

Меѓу 16-те обвинети, кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”, се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање. Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски.

Бранителката на Митко Пешов, на кого му беа изречени 15 години казна затвор, адвокатката Павлина Зефиќ рече дека биле направени повреди во постапката и судските рочишта за предметот траеле и по 12 часа со следење на искази на 4-5 сведоци и биле соочени со сериозен предизвик како одбрана.

– Клучна повреда во постапката сметаме дека е тоа што не ни беше дозволено да ги користиме исказите на сведоците дадени во обвинителството за нивна дискредитација. Сметаме дека воопшто не беше утврдено од страна на судечкиот совет каква наредба и кој му издал на Митко Пешов наредба за активирање на специјалните полициски сили. Сметаме дека направи процесна повреда со тоа што не дозволи јавноста да го слушне исказот на заштитениот сведок и бидејќи не ја утврди во целост фактичката состојба, изјави Зефиќ.

Барам, рече таа, доколку ја укинете пресудата да се води пред изменет совет.

Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, рече дека оваа пресуда е фингирана и нема било каков доказ и затоа смета дека не може да опстане.

– Очекувам најмалку укинување на првостепената пресуда со сериозни напатствија, затоа што ваква пресуда каква што е не може да опстои. Толку има суштествени повреди на одредбите од Законот за кривична постапка што е неверојатно. Најклучно е тоа, да забраните на одбраната да го дискредитира сведокот во смисла на одредбите од член 388, односно да забраните да поставува прашања кои се однесуваат на исказ на сведок дадени во фаза на истрага е сосема недозволиво. Тоа ниту еден суд не го прави, тоа е елементарно непознавање на законот за кривична постапка, изјави Дуковски.

На почетокот обвинетиот Александар Василевски Нинџа го извести Судот дека, денеска додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на Митко Чавков.

– Лица кои беа во придружба на сопругата и на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска додека бев спроведуван во Судот. Чавков директно ми се закани и на денот на изрекување на пресудата, изјави Нинџа.

Адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски на паузата од денешната расправа, рече дека немало закани ниту ништо, бидејќи на денешното рочиште немало никој од семејството на Чавков.

– Тоа е истото сценарио, заради кое, некои добија осум години, а сите други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Ниту закана, ниту ништо. Кој на кого ќе се заканува. Зошто се командирите тука да интервенираат. Кој си има мува на капата си кажува. Не станува збор за никаква закана, изјави Дуковски.

Бранителот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, адвокат Ѕвонко Давидовиќ, рече дека околу делот на заканите го известил судот, кој тоа го забележал и дали ќе го испита и што ќе направи веќе останува на судот и на обвинителството.

– По однос на жалбата. Првостепениот суд не кажал и не навел што е уставниот поредок кој бил загрозен. Јас верувам дека првостепениот суд и не знаел што е, инаку ваквата пресуда не би ја напишал. Не може уставен поредок да бидат двајца пратеници за кои тврди во пресудата дека биле таргет, ниту избор на претседател на собрание, кој веќе бил извршен откако се случиле настаните. Тврди дека имаме терористичко загрозување и терористи во судницата, но не даде појаснување како ја утврдил терористичката организација и која е, кои се членовите и на кој начин постапувале, изјави Давидовиќ.

По однос на самата пресуда, нагласи Давидовиќ, ако тврдите дека Митко Чавков не издал наредба, па потоа тврдите дека Митко Пешов не издал, па потоа тврдите дека Душко Лазаров не издал, вие тогаш стварно не знаете кој требал да издаде и дали воопшто и на кој начин требал да издаде. 

Тагови
реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Четири најчести грешки што ги правите за време на секс

Read more

Споредба на Хрватска и Србија

Read more

Македонија

Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Read more

Мицковски: Одзивот можеби нема да биде висок, но ќе биде кредибилен за идна Влада

Read more

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование

Read more

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Read more

Вести

Почнаа мирни собири низ Србија, Вучиќ не се плаши

Читај повеќе

Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Читај повеќе

Мицковски: Одзивот можеби нема да биде висок, но ќе биде кредибилен за идна Влада

Читај повеќе

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Градоначалникот на Сеул е најден мртов

Читај повеќе

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Читај повеќе

Обезбедена современа биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања

Читај повеќе

Зибери: Социјална пензија за секоја жена која не го остварила правото на работна пензија

Читај повеќе