Пристигнува уште една рунда необични „гости“ во франшизата Call of Duty.

Откако CoD ги пречека Снуп Дог, Лара Крофт и Лионел Меси, пристигнуваат четири лика кои со децении им го разубавуваат детството на луѓе ширум светот.
Најавено е дека станува збор за нинџа желките, а се очекува да се појават во видео игрите Call of Duty Warzone и Black Ops 6.
За ова се зборуваше и претходно, но досега немаше официјална потврда.
Сè уште нема многу детали, но слободно може да се каже дека сите реквизити на нинџа желките ќе пристигнат со нив - нунчаки, катани, бо стап и слично.
Овој „кросовер“ можеби ви звучи изненадувачки, но треба да се запомни дека ова не е првпат двете франшизи да соработуваат, бидејќи во 2023 година, игрите CoD Modern Warfare 2 и CoD Warzone го прикажуваа Шредер, вечниот противник на Леонардо, Рафаел, Донатело и Микеланџело.