Ништо повеќе нема да биде исто: „Кинезите“ влегоа во Топ 10

Zhejiang Geely Holding Group продаде 730.000 возила во периодот јануари-март, со што стана првиот кинески производител кој се проби во топ 10-те најпродавани автомобилски компании во светот во овој квартал.

Групацијата Geely, која беше рангирана на 12-тото место во првиот квартал од 2023 година, сега ги надмина германските Mercedes-Benz и BMW на 10-то место со раст на обемот на продажба од 27% на годишно ниво.

Другите кинески производители на автомобили BYD, Changan Automobile, Chery Automobile и SAIC Motor беа рангирани во првите 20.

Глобалното рангирање на продажбата е составено врз основа на податоците од производителите на автомобили и истражувачката компанија MarkLines, пренесува Investor.

Со оглед на тоа што продолжениот празник за Лунарната Нова година паѓа во тој квартал, кинеските производители на автомобили имаат помалку денови за продажба и имаат тенденција да заостануваат зад своите глобални конкуренти во тој период.

Но, во првиот квартал од 2024 година, пет кинески играчи во првите 20 забележаа зголемување на продажбата за повеќе од 20%. Вкупниот раст на продажбата за 20-те најголеми производители на автомобили во светот беше само 2%.

Водечкиот ЕВ бренд на Geely Auto, Zeekr, кој покажа добри резултати на беерезата во Хонгконг, има повеќе од двојно зголемена продажба на нови електрични возила.

Volvo Car, исто така под капата на групацијата Geely, ја зголеми продажбата за 12%.

Цените на ЕВ сè поблиску до цените на бензинците

BYD продаде 620.000 возила во првиот квартал, што претставува зголемување од 13%.

Извозот го поттикна растот на продажбата. Продажбата на Geely Group во странство се зголеми за 43%. BYD го зголеми извозот во Европа и Југоисточна Азија, со вкупна продажба во странство за 150% до 98.000 возила.

ЕВ и електрифицираните возила, како што се plug-in хибридите, учествуваа со повеќе од 32% од продажбата од јануари до март во Кина. Но, конкуренцијата е жестока, а BYD започна синџир на намалувања на цените што Changan и другите го следеа.

Како резултат на тоа, цените на електричните возила се приближуваат до нивото на конвенционалните возила на бензин.

Голем јаз меѓу понудата и побарувачката

Кинескиот пазар на електрични возила покажува знаци на прекумерна понуда. Електричните возила и поврзаниот производствен капацитет ќе достигнат 36 милиони возила во 2025 година, според локалните медиуми, повикувајќи се на плановите на производителите на автомобили и локалните власти.

Сепак, се предвидува дека следната година во Кина ќе бидат продадени околу 17 милиони возила, што укажува на зголемен јаз меѓу понудата и побарувачката.

Кинеските производители на автомобили сè повеќе гледаат на прекуокеанските пазари. Извозот на нови електрифицирани возила (ЕВ и хибриди) е зголемен за 78% до 1,2 милиони возила во 2023 година, според една индустриска трговска групација.

Според друга проценка, извозот ќе се зголеми на 3,5 милиони возила во 2025 година.

Со оглед на тоа што Кина извезува вишок залихи по ниски цени, САД и европските земји изразија загриженост за нелојалната конкуренција во автомобилската индустрија и потенцијалните загуби на работни места.

Затоа, САД најавија планови за четирикратно зголемување на царините за кинеските електрични возила на 100%.

Кинеските производители на автомобили го зголемуваат извозот во Русија, како и во Централна и Јужна Америка.

Русија беше најголемата дестинација за извоз на возила во првиот квартал, по што следи Мексико, според Кинеското здружение на производители на автомобили.

Земјите од Блискиот Исток, како што се Обединетите Арапски Емирати, исто така стануваат сè поважни извозни пазари.

Инаку, Toyota Motor беше на врвот на глобалната продажна листа во првиот квартал со 2,52 милиони возила, што е пад од 5%, додека Volkswagen Group го зазеде второто место со 2,1 милиони возила, 3% повеќе од пред една година.

Третопласираната Hyundai Motor Group, која го вклучува брендот Kia, забележа пад на продажбата од 2% до 1,76 милиони возила.

реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Азиски мултимилијардер ќе ги реновира Титовите Хаваи кај Дубровник

Read more

Трамп бесен поради неговиот портрет во Колорадо, има порака за уметницата

Read more

Авто новости

Новата генерација на микро автомобили ќе се составува како мебел на IKEA

Read more

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Read more

46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Read more

И Audi се откажува од плановите за целосна електрификација

Read more
 

Автомобили

  • filter

Новата генерација на микро автомобили ќе се составува како мебел на IKEA

Читај повеќе
  • filter

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Читај повеќе

И Audi се откажува од плановите за целосна електрификација

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Читај повеќе

Toyota  ќе рециклира, обновува и реупотребува стари автомобилски делови

Читај повеќе

На Маск му се удри од глава поддршката за Трамп: Се распродаваат акциите на Tesla

Читај повеќе

Зошто Шпанците ставија црвена лента на „патот на смртта“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla како Којотот: Aвтопилотот измамен од ѕид со слика од пат

Читај повеќе