Ниската откупна клаузула го стави Умтити на радарот на неколку клубови

Иако до крајот на фудбалската сезона има уште два месеци, сепак најголемите европски клубови веќе се во потрага по засилувања за следната сезона. Поради ниската откупна клаузула во договорот со Барселона, Самуел Умтити се наоѓа на листата од трансфер желби на неколку клубови, од кои најзаинтересиран е Манчестер Јунајтед.

Европските медиуми деновиве се фокусирани на интересот на Манчестер Јунајтед за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.

Францускиот стопер Самуел Умтити потпиша за Барселона во 2016 година, кога во договорот му беше ставена откупна клаузула од 60 милиони евра, која во тогашниот пазар изгледаше доволна за да го задржи играчот во клубот.

Но, во последната година трансфер пазарот стана многу поскап и сега цената од 60 милиони евра не изгледа голема, посебно ако се земе предвид квалитетот на Умтити. Манчестер Јунајтед сака да го искористи овој пропуст на Барселона и да го купи Умтити додека тој не потпишал нов договор.

„Не се работи само за Манчестер Јунајтед, туку и други клубови се заинтересирани. Преговорите за нов договор уште не се започнати, но мојот фокус е само на Барселона“, изјави Умтити.

Самуел Умтити е еден од клучните играчи на Барселона, која силно чекори кон нова титула во Ла Лига. Французинот има само 24 години, но игра со многу искуство, најмногу поради тоа што кариерата ја започна многу млад, во екипата на Лион.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе