Авто новости

Нискобуџетниот бренд на Volkswagen ќе го носи името Jetta

13. февруари 2019 - 14:42 | К.З.

Веќе неколку години компанијата Volkswagen Group работи на лансирање на нов мини-бренд на евтини автомобили за одредени пазари во пораст, како што се индискиот и кинескиот.

Како и многу од големите светски производители, и Volkswagen има партнерство со кинеската автомобилска индустрија во склоп на кое произведува возила наменети за купувачите од Кина.

Германскиот производител има намера во склоп на оваа компанија (FAW-Volkswagen) да лансира нов нискобуџетен бренд со автомобили по многу пристапни цени, а како што пишуваат одредени кинески медиуми, името на овој бренд ќе биде преземено од популарниот модел на компанијата, Jetta.

Sina Auto и CarNewsChina пишуваат дека за почеток се планирани три модели: Jetta VA3 (се работи за актуелната Jetta која веќе се произведува во Кина, но со различно име), потоа Jetta VS5 SUV, заснован на моделот Seat Ateca и Jetta VS7 SUV, базиран на моделот Seat Tarraco.

Автомобилите од новата марка Jetta ќе имаат сопствено лого, а ќе се произведуваат во погонот во кинескиот град Ченгду.

Со оглед на тоа дека Seat не е присутен на кинескиот пазар, модификуваните верзии на SUV моделите Ateca и Tarraco нема да ја загрозат продажбата на шпанските автомобили. Лансирањето на новиот бренд е најавено за април оваа година, на саемот за автомобили во Шангај.

Коментирај