Nissan 300ZX од 1990 година се продава со иста цена како новиот модел 370Z
Примерокот од моделот на Nissan oд 1990 година се продава со иста цена како новиот модел 370Z.
Минатата недела Nissan Z Proto е претставен во форма на концепт, но наскоро ќе започнат со негово производство.
Моделот 300ZX се произведуваше од 1989 до 2000 година, а изгледа поинаку во однос на претходните Z модели. Ова беше совршен спортски автомобил во тоа време, а доказ за тоа е и големата побарувачка.
Nissan 300ZX во 1990 година беше најпродаван спортски автомобил во САД. Моделот 300ZX го придвижува 3,0-литарски атмосферски V6 мотор кој развива 222 коњски сили и 268 Nm максимален вртежен момент. Купувачите може да бираат помеѓу 4-степен автоматски и 5-степен мануелен менувач.
Цената на моделот 300ZX изнесува 30.000 долари, а за 30 илјади долари во САД може да купите нов Nissan 370Z.