Nissan објави нови фотографии од моделот Rogue
Nissan ги објави фотографиите за својот нов SUV.
Првите фотографии беа објавени во април, а сега Nissan официјално ја претстави новата генерација на својот модел Rogue.
Јапонскиот произведувач ги објави фотографиите од моделот кој е наменет за американскиот пазар кој ќе се продава под името Rogue, но и европската верзија X-Trail нема да се разликува многу.
Новата генерација на едниот од најпродаваните SUV модели во светот сега има помодерен изглед, ускладен со современите дизајнерски трендови на компанијата Nissan.
Што се однесува до моторот, за пазарот во САД е предвиден 4-цилиндричен 2,5-литарски мотор кој располага со 181 коњски сили и 245 Nm максимален вртежен момент.
Наскоро ќе бидат познати и деталите за Nissan X-Trail кој е наменет за европскиот пазар.